МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Aвторитетот на кавадаречките професори

Овие професори Александар Грков-македонски јазик, Живко Стојковски-историја и директор на гимназијата (1962-1968 г.) и Александар Пемов-математика беа поим за знаење по своите предмети, авторитет сред учениците и граѓаните на Кавадарци и стравопочит кај нас учениците. Снимката е направена пред гимназијата “Јосип Броз Тито„ во Кавадарци 1956 година. Сеуште оградниот ѕид не е довршен, а улицата “Ѓуро Ѓаковиќ“ е со калдрма, автомобили нема, само пешаци и по некој добиток.

Петре Камчевски