Украдени се пари од црквата “Свети Илија” во кавадаречкото село Горна Бошава.
На социјалните мрежи вчера се појави веста за украдени пари во црквата „Свети Илија„ која доби нов лик и селаните и некогашните жители за реконструираа темелно.Веста ја потврди и портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски .Тој денеска соопшти дека веста е точна,кражбата била пријавена вчера во кавадаречката полиција.
-„Во периодот од 15 до 30 овој месец, од страна на непознато лице е влезено во црквата. Со погоден тврд предмет била отворена металната каса и од неа одземени пари оставени од верниците“, соопшти Додевски.