МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Жива статуа — уверливо насликан и нашминкан уличен уметник кој позира во имитација на статуа или модна кукла. Најчесто се среќаваат како улични изведувачи.Овие изведувачи имаат за цел да ги измамат минувачите .

Живата статуа е мошне чест облик на улична изведба, особено на места со многу туристи. Изведувачот одбира стратешки добро место без сообраќај, но со многу пешаци. Бидејќи воопшто не се помрднува, минувачите не увидуваат дека станува збор за човек, па се изненадуваат кога „статуата“ ќе направи некакво движење или ќе им намигне. Колку пари ќе добие еден ваков изведувач зависи од тоа колку добро може да биде забележан од јавноста.Можат да се видат насекаде во светот, на зафатените улици, во парковите или пред туристичките атракции: улични изведувачи кои позираат како статуи. Некои свиркаат кога ќе поминете покрај нив, а некои се помрднуваат кога ќе им фрлите паричка. На некои тоа им е професија, а други тоа го прават во слободно време. Меѓутоа да се биде жива скулптура не е лесно: покрај креативноста, потребна е и голема физичка и ментална сила.Можат да се видат насекаде во светот, на зафатените улици, во парковите или пред туристичките атракции: улични изведувачи кои позираат како статуи. Некои свиркаат кога ќе поминете покрај нив, а некои се помрднуваат кога ќе им фрлите паричка. На некои тоа им е професија, а други тоа го прават во слободно време. Меѓутоа да се биде жива скулптура не е лесно: покрај креативноста, потребна е и голема физичка и ментална сила.Живите статуи имаат долга историја зад себе, посебно во европската традиција на уличен театар. Повеќе одошто само што стојат неподвижни, тие изведуваат точки според свое сопствено сценарио. Повеќемината од нив сами си ги дизајнираат своите костими што одзема многу време и макотрпна работа. Терминот живи статуи се однесува на артист - пантомимичар, кој позира како статуа, најчесто со реалистична шминка со која наликува на статуа.Тоа е уметност која бара многу трпение и физичка стабилност. Најчесто се наоѓаат на големи шеталишта или плоштади каде го привлекуваат вниманието и воздишките на минувачите. Живите статуи кога се со сценска шминка и костим специјално изработен, имитираат златна, бакарна, среберна или мермерен кип пред публиката. Обично овие костими се во вид на грчки божици, познати прецедатели, ангели, писатели или ликови од познати детски театарски претстави. Овој уличен театар, на живи скулптури може да ја оживеат атмостефата и да ја забавуваат публиката. Тие стојат во една поза подолго време, за да ги излажат минувачите (публиката) дека се навистина скулптури и служат како одличен извор на забава и атракција. Се појавуваат како вредвесници во античка грција каде луѓето стоеле или позирале за уметниците или вајарите а потоа изработувале скулптири. И така е добиен терминот. Овој уличен театар припаѓа во таканаречените Баскер-фестивали кои се организираат ширум низ целиот свет. Носители на проектот „Уличен театар“за Домот на културата во Кавадарци се Микица Илова и Сара Милевска.Тие најавуваат настан за месец август со ликови од бајките.Проектот инаку содржи 7 скулптури.Од нив утре ке бидат претстванеи три: (Лошата вештерка,Волшебнукот од ОЗ и Каубоецот спасител.Сите се аматери глумци од нашиот театар:Стојанче Вангелов,Ангел Милков и Микица Илова од Домот на Културата.Во прашање е новина, која на други места во Европа има долга традиција.Зошто да не се одомаќи и кај нас.