Дождот предизвика помали проблеми во градот, заматување на водата од системот „Лукар„ затнување на канализации и слично.
„Во текот на вчерашниот ден(16.11.2017 год) службите на ЈП КОМУНАЛЕЦ Кавадарци активно работеше на оспособување на оптеретената канализациона инфраструктура низ градот ,кое беше настанато поради обилните дождови. На терен беа канал - џет цистерна за одзатнување на канализации помогната со персонал за рачно одзатнување на канализации(одзатнување со сајли).Беа санирани неколку помали дефекти на водоводна линија чие одложување не беше возможно и покрај влошените временски услови„- се вели во соопштението од Кабинетот на Градоначалнкот Митко Јанчев а побрзано со последиците од обилните врнежи во Кавадарци.
Инаку во Кавадарци и околината изминатите два дена наврнаа 60 литри на метар квадратен.
Од Кабинетот дознаваме дека раководителот на Одд. за водовод за градска и селска мрежа - Бојан Атанасов, најавува дека денеска (17.11.2017 год) службите продолжуваат со санација на настанатите дефекти (денес нема поголем дефект на водоводна линија), како и одзатнување на запушени канализации со механизација и вработени.