Утре- петок, 19 јануари, ќе се отслужат божествени литургии во храмовите „Света Петка“ и „Свети Димитрија“ во Кавадарци.
Почетокот на литургиите и во двете цркви ќе започне во 8 часот и 30 минути, по што ќе следи голем Bогојавленски водосвет во двата храма.Веднаш потоа од двата храма ќе тргнат литиите .Околу 11.00 од „Св Петка“ а во 11.15 од „Св.Димитрија“. Tие ке се упатат кон централниот мост на реката „Луда Мара“ кај „Јаворот“, каде меѓу 11.30 до 12 часот ке се одржи пригодна богојавленска служба a ќе биде потопен и светиот крст.Од кавадаречкото намесништво ги повикуваат сите кои сакаат да учествуваат во фаќањето на светиот крст да се јават во двете цркви и да пристигнат на мостот заедно со присутните на литиите.
Верниците се покануваат да дојдат во храмовите, да присуствуваат на литургиите и да земат учество во литиите.Се покануваат граѓаните на масовно присуство на чинот на потопувањето на крстот.
Во 12:30 часот ќе се обави чинот на потопување на крстот во село Ваташа брана Моклиште.
На Водици во Кавадарци и Ваташа ке присуствува и градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев.
РТК ке врши директен пренос на RTKLIVE.RTK.MK и на FB профилот РТК.МК и Регинална телевизиска куќа.