МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ВЕКЕ ОД СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ КАВАДАРЕЧКОТО МУЗИЧКО УЧИЛИШТЕ СТАНУВА ФИЛИЈАЛА НА СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ „ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ ЛУЈ“„ОД СКОПЈЕ

Денеска ОМБУ „Лазо Мицев Рале“, во услови на пандемија ,го одбележа патрониот празник на училиштето.Свежо цвеке на бистата на патронот положија делегација на училиштето предводена од директорот Златко Јованов, како и делегација на локалната самоуправа предводена од Градоначалникот и секретарот на општината и делегација од Советот на општината предводена од претседателот на советот.-Во своето обраќање директорот на училиштето Златко Јованов говореше за сработеното и сите проекти на училиштето почнувајки од старата барака до новите простории и концертната сала и најави дека за еден месец во Кавадарци ке биде отворена паралелка за средно образование која ке работи како дисперзирана паралелка на средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ од Скопје.-Градоначалникот Митко Јанчев ги поздрави сите досегашни успеси на училиштето и најави дека очекува новата средношколска паралелка да биде максимално исполнета и се надева дека за три години нашиот град ке добие самостојно средно музичко училиште бидејки училиштето е расадник на млади таленти и е од големо значење за градот и општината воопшто.-Во рамките на денешната прослава беа прогласени и првенците на генерацијата за учебната 2020/2021 и тоа = од класата по пијано кај проф. Весна Павлова првенец на генерацијата е Иван Стојанов, кај проф. Билјана Грозданова од класата балет првенец е Тијана Спанџова, кај проф. Горан Јанев од класата по традиционални инструменти првренец е Костадин Мишев, кај проф. Стеван Волчев во класа хармоника првенец е Стеван Мустеников, Илина Бошева е првенец во класата пијано кај проф. Звонко Богев и во класата кларинет кај проф. Александар Ангелов првенец е Бени Шаќири.

Беа доделени две награди за 10 години работен стаж во училиштето на педагогот Јасминка Кузманов и професорот по кларинет Лазар Соколов.

М.В.

233

23333

169069088_438132107294042_5581456991682523415_n 169069089_2803237146654948_3385025126929939520_n