МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На настарата фурна на дрва во Кавадарци,се вршат мали поправки...

Една од најстарите фурни во градот во која ден-денес се печат гевреци и други печива и месо во фурна, фурната на „Фурци“ овие два-три дена не работи.Сопственикот на фурната Никола Јованов , кој денеска разговараше со нас, и ни кажа дека во прашање е мала интервенција во самата фурна ,која на места „дишела„.Поради зголемување на ефикасноста при печењто и самиот квалитет на ѓевречињата ,неговиот пријател Гоце , ги санираше малите оштетувања.Ова операција се обавува исклучиво со природен материја глина и производи од глина;цигли и керамиди кои и понатаму остануваат основа за градба и поправка на природните фурни,како ова на „Фурци“.

-Инаку редовната рекострукција на фурната се прави еднаш на четири години, вели Јованов сопственик на фурната, а ваквите повремени интервенции по потреба. Веќе од утре, вели тој, граѓаните слободно ке можат да си купат геврек, каков што навикнале да јадат и досега.Истовремено тој ги поздрави своите муштерии и им ја честита Новата година и Божиќ.