МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

– Дрекслмајер и оваа сезона обезбеди спортска опрема за играње официјални натпревари за ракометарите на градскиот ракометен клуб „Тиквеш“. Компанијатa традиционално, петти пат по ред се погрижи ракометните играчи да имаат соодветни услови во вид на спортска опрема за натпреварување, но и за подготвителни тренинзи со што дополнително ќе се поттикнат нивните перформанси и нивната посветеност за постигнување најдобри спортски резултати.Спортската опрема вклучува дресови за играње официјални натпревари, соодветни маици, шорцеви и тренерки кои ракометарите ги носат за време на тренинзите и на патувањата кога играат натпревари во странство, потоа јакни, спортски торби, чорапи и маркери.„Драго ни е што уште еднаш имаме можност да дадеме поддршка за ГРК Тиквеш. Нашата цел е да поттикнеме интерес за спортот, а особено за тимските спортови кадешто се негува тимскиот дух во насока на постигнување заеднички успех. Ова се поклопува со вредностите на нашата компанија,така што веруваме дека со нашата поддршка можеме да му помогнеме на тимот да постигне уште поголеми резултати“, велат од менаџментот на Дрекслмајер Македонија.ГРК Тиквеш е предводник на локалната спортска сцена и за време на официјалните натпревари инспирира единственост и тимска поддршка од страна на домашната публика.„Поддршката од Дрекслмајер беше особено значајна за развојот на клубот во изминатите години за што сме неизмерно благодарни. На ваков начин ја зголемуваме мотивацијата, но и моралот кај играчите. Горди сме на соработка со Дрекслмајер, а наша обострана цел е постигнување заеднички успеси“, рече Ратко Мицев, претседател на ГРК Тиквеш.Овој придонес е дел од бројните проекти на Дрекслмајер за поддршка на тимските спортови како и промовирање на спортот во заедницата. Претходно годинава компанијата обезбеди спортска опрема за јуниорите на ГФК Тиквеш, а продолжува да ја поддржува и бесплатната школа за кошарка за учениците од основните училишта во Кавадарци.