МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Нам ни се чини или навистина во Кавадарци горат помалку огнови отколку лани.

Ова констатација можеби е привидна , можеби е вистинита но ни се чини дека влијание има препораката на македонската праволавна црква-свештеници да не одат на коледарски огнови и да не вршат никакви вески обреди притоа.

Меѓу 19 и 20 часот поминавме големо подрачје на градот особено околу реката на горниот нејзин тек, но не забележавме ниту еден коледарски оган.Во центарот на градот мирно -без оган- освен мало оганче на манифестацијата „Дедо цепе борина“.Попатно видовме еден запален контејнер од 5 м3 , во непосредна близина на мостот „Слога„ во кој гореше гума. По 20 часот на места особено преку реката во Брушанско маало слушаме музика, и гледаме оган од далечина.Има - не да нема но намален е бројот на огнови.

Небото над Кавадарци е зачадено...помалку-но чад од оган на отворено има. Се слуша музика на неколку делови на градот ,џагор и викање-главно песни од „арсеналот„ на безобразните, кој МПЦ има намера да ги избрише од обичајната традиција, што лично сметаме ќе биде тешко, со оглед на тоа што тие живеат меѓу населението барем 60-70-сетина години.Свештеници на оган ова вечер не видовме.Можеби поради наводна информација за забрана за палење оган во некои градови од некои познаници чувме„ наводно “: „полицијата контролира дали има запален оган„ што е неточна информација, барем ние немаме таква службена вест.

Нешто има во воздухот, измешано чувство на: православие, стара традиција, желба за пеење безобразни песни ,пиење,ослободување од стресот, или почитување на редот,екологија,чист воздух... Што и да е ...човечки е...