МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Двеста земјоделци од Кавадарци и Росоман обезбедиле трактори со државна помош во изминатиот период од неколку години

За ова информира Драган Николов, раководител на кавадаречката Подрачна единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството.

-Станува збор за таканаречената помош 50-50, а земјоделците платија само половина од цредноста на тракторите. Ако се има во предвид дека во цела Македонија беа обезбедени околу 2060 трактори, појаснува Николов.

Додава дека на ниво на Македонија, со оваа програма земјоделците обезбедиле 7.682 парчиња приклучна механизација, а од нив, 800 парчиња за кавадарчани и росоманчани.

0000199982888877oo.jpg

Николов информира дека преку ИПАРД програмата пак, со која исто така земјоделците плаќаат половина од инвестицијата, во двете општини биле обезбедени 150 трактори, а по новиот повик ИПАРД два каде им се враќаат 60 проценти од вложените средства, имаат аплицирано околу 100 земјоделци.

-По програмата за млади земјоделци, на ниво на држава околу 460 лица добија грант од десет илјади евра на последниот повик, а од нив 26 од Кавадарци и Росоман, вели Николoв.