Учествуваа територијалната противпожарна единица Кавадарци, припадници на Полициската станица Кавадарци, возило со медицинска екипа на Брзата помош Кавадарци, но и противпожарните тимови на неколку компании.
„Денешната вежбовна активност за заштита и спасување од пожар во фабриката „Дрекслмајер“, Кавадарци заврши успешно. Со ефективната и брза реакција беше потврдено дека безбедносниот систем на компанијата функционира според утврдениот план и восогласност со законските прописи, но и дека нашите интернационални безбедносни стандарди и процеси непречено се спроведуваат во фабриката“ - се вели во соопштението од „Дрекслмајер“.
Во продолжение од истото, од „Дрекслмајер“ информираат дека вежбата ја потврдила и добрата соработка и координација со надлежните органи при справување со ситуации од ваков карактер, но и со кавадаречките компании. „На денешната вежба учествуваа и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци, припадници на Полициската станица Кавадарци, возило со медицинска екипа на Брза помош Кавадарци како и екипата на ЈП Македонски Шуми, ПО Кавадарци. Како поддршка во вежбата со искусни професионални тимови учество земаа и противпожарните служби на компаниите Фени Индустри и Кожувчанка ДОО“.