Според програмата за 2020 година неделава се започна со реконструкција на водоводна и фекална канализација на крак на ул. „Ѓорѓи Соколов“. Се работи за реконструкција на 100 метра улица, на која ќе бидат поставени цефки за фекална канализација Ф 250 и водоводно црево Ф63. На истите овие линии ќе бидат извршени приклучоци за сите куќи кои се наоѓаат на оваа улица.
Во моментов се работи на поставување на главната фекална и водоводна линија и ќе се започне со изведба на семејни приклучоци. Последна фаза на проектот ќе биде враќање на улицата во првобитна состојба односно поплочување.
Инвеститор и изведувач на работите е ЈП Комуналец.