„Почитувани сограѓани
За целото десетгодишно владење, ВМРО-ДПМНЕ не инвестираше ниту еден единствен денар во Градскиот стадион во Кавадарци.
После толку години оваа Влада конечно реши да изврши реконструкција и ревитализација на истиот.
Владата предводена од СДСМ за таа цел инвестира 13.000.000 денари.
Наместо и ВМРО-ДПМНЕ да го поздрави и поддржи овој проект, тие на истиот се противат.
Со ова ВМРО-ДПМНЕ покажува дека воопшто не се грижи за условите за тренинг и играње на натпревари на Градскиот стадион во Кавадарци.
На ВМРО-ДПМНЕ му е единствено важно да ќари некаков си политички поен.
Овој однос граѓаните го препознаваат и поради истиот ќе бидат казнети на 12-ти април.„
-се вели во реакцијата ОО НА СДСМ на претходната реакција на ВМРО-ДПМЕ Кавадарци.