МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

-Настанот се случил во попладневните часови во СОУ „Ѓорче Петров“

Дваесет и четиригодишен кавадарчанец завчера бил фатен од полицијата како продава дрога на 19 годишен сограѓанин.Информацијата ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

-Настанот се случил во попладневните часови во СОУ „Ѓорче Петров“, лицето М.Ј.(24) од Кавадарци било фатено како продава наркотична дрога на свој сограѓанин, лицето М.А.(19), појасни Додевски.

Лицето М.Ј. е приведено во Полициската станица од општа надлежност Кавадарци, каде по документирање на настанот ке му биде поднесена соодветна кривична пријава.