МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Во Кавадарци се евидентирани 32 нови позитивни, еден во Росоман, 12 во Неготино и 4 во Демир Капија. Тие се на возраст од 16 до 81 година.Позитивна е негувателка од детска градинка во Неготино, поради што во изолација се 8 деца и една негувателка. Позитивен е и наставник од основно училиште во Кавадарци, кој држел настава од далечина. Регистрирано е едно починато лице од Кавадарци на возраст од 61 година.

Во ковид одделот во Кавадарци на лекување се 51 пациент во стабилна состојба.