МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Градоначалникот и Локалната самоупорава го реализираат комунално еколошкиот проект за формирање на пешачка патека.

Согласно проектот се работи на спојување на улиците „Страшо Пинџур“ и „4 Мај“. На овој дел од долот ќе се оформи пешачка патека со покривање на коритото. Проектот опфаќа поставување на две линии на пластични корогирани цевки со профил F-600 мм, шахта како и решетка за зафаќање на атмосферските води. Освен комуналната, покривањето на оваа делница од „Желков дол“ ќе има и еколошка функција, со што ќе се спречи фрлањето на отпад во коритото на долот.Долж новоформираната пешачка патека Oпштината ќе постави и 7 канделабри од јавното улично осветлување, за непречено движење на пешаците во ноќните часови.Овој проект ќе им овозможи на граѓаните значително скратување на патот, како и побезбедно движење помеѓу улиците „4 Мај“ и „Страшо Пинџур“.

52489219_2356430914580956_3436359731021611008_n.jpg51745115_2356430921247622_1283829676837437440_n.jpg