МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Денеска Општина Кавадарци и ЈП Комуналец објавија дека во функција е ставено новото паркиралиште на горното плато на Градските гробишта.Конечно по 20 години ќе биде разрешен проблемот со паркирањето на возила , кое беше едно од најнепријатните работи кога живите одеа да ги посетат вечните почивалишта на блиските.Тесниот пат и паркираните возила престојот на гробиштата беше кошмар.

Сега ЈП Комуналец и Општина Кавадарци вложија речиси 3,5 милиони денари во комплетно решавање во една од најважните работи кога говорме за Градските гробишта.Извршена е експропријација, уредување на земјиштето, поплочивање ,а во тек е доуредување на целиот простор со што одеднаш ќе можат да се паркираат над 100-тина возила .За време на големи верски празници и обичаи и во време на верски обреди сега нема да има нервози и проблеми поврзани со паркирањето и престојот овде.

Инаку во периодот зад на ЈП Комуналец изврши комплетно оградување на долниот дел а потоа и на горното плато на Градските гробишта со што се оневозможи влегување на стока и други несакани посетители.Извршено е купување на нов плац за погребување со што проблемот со погребен простор е решен за подолго време.Секојдневно се прават пристапни патеки до гробните места, просторот се доуредува , ќе се гради санитарен јазол,чешми, се вложуваат пари во разни комунални објекти потребни за граѓаните со што овој објект, собено во новиот дел, ќе ги содржи сите потребни работи за достојно да се престојува и се оддаде почит на покојните.

Денеска на паркинг просторот ги разговаравме со градоначалникот Митко Јанчев, директорот на ЈП Комуналец- Ѓорѓи Поп Ицов,раководирелот на Одделение за гробишта - Развигор Камбранов и советникот Јосиф Стојанов.

82603176_2447594682017573_4284271405798785024_n

81506410_943176696084912_50999197586948096_n