Согласно програмата за комунална изградба од 2017 година Општина Кавадарци преку Оперативата на фирмата „Урбан Инвест“ ги изведува работите на проектот тротоар на улицата „Методи Џунов-Џико“
„Согласно овој проект ќе се постават павер елементи-бекатон коцки на површина од 130м2 на тротоарот од улицата на потегот од салата „Партизан“ до спојот со улицата„Браќа Миладинови“. Во оваа фаза се работи на тротоарот дооградата на Здравствен дом-Кавадарци.
Општината од оперативниот буџет за оваа намена издвои 140.000 денљри.
Ова комунално решение ќе овозможи поголема безбедност на пешаците коисе движат на овој правец, кадеима се поголема фрекфенција на моторни возила„ се наведува во соопштението од Кабинетот на Градоначалникот на Општина Кавадарци- Митко Јанчев.