МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„ЧЕБРЕН“ МОРА ДА БИДЕ ДРЖАВЕН !

Под овој слоган, денеска, членови на координативното тело на Левица воКавадарци им поделија флаери на граѓаните, информирајќи ги за последиците од потпишувањето на штетниот договор за ПАХЕ " Чебрен " на државата со грчката компанија.. „Евентуалното реализирање на одлуката на оваа антидржавна и ненародна власт, потпомогната со молчењето на ДПМНЕ кое иако се декларира како опозиција не е ништо повеќе од нем соучесник во процесот на раскрчмување на националните богатства, ќе доведе до бројни покачувања на сметките за електрична енергија и ќе нѐ стави во позиција на енергетски заложник кај друга држава ! Потсетуваме дека паралелно со изградбата на ПАХЕ " Чебрен" планирано е во пакет на поклон да се даде под концесија и ХЕЦ " Тиквеш" ! Сѐ уште се свежи сеќавањата на кавадарчани за тоа со каков труд и напори се градеше ХЕЦ " Тиквеш", за сега некој сето тоа без трошка совест туку така да го подари ! Левица е единствената политичка партија која во својата програма предвидува вакви капитални изведби да бидат македонски национален проект, а не да се распродаваат во вид на јавно-приватни партнерства! Бројните граѓани ја поздравија денешната иницијатива и ни потврдија декаединствено нашата борба е искрена и во вистинска насока !„се наведува меѓу другото во известувањето до РТК.МК од ЛО „Левица„-Кавадарци. 411479163_748457713969948_7114218413815897961_n 411479177_748457520636634_1733920413947063661_n 411480233_748457820636604_3926762470446809948_n 411481867_748457400636646_5087171379893438577_n