МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Честитка до сите граѓани и лозари од ОО на СДСМ-Кавадарци

„Лозарството отсекогаш било, и ќе биде една од најзначајните дејности во нашиот град. Дејност по што другите и дома и надвор не препознаваат. Денес е значаен ден за лозарите. Денес е значаен ден за Кавадарци. Денес е празникот Св.Трифун, кој се слави како заштитник на лозовите насади.

За таа цел општинската организација на СДСМ Кавадарци на сите винари, лозари и љубители на доброто вино им го честита овој празник, со желба за подобра и побериќетна година, во која трудот на лозарите ќе биде соодветно вреднуван. Новата Влада во изминатиов изминат период посветено работи кон подобрување на состојбите во земјоделието и враќање на достоинството на земјоделецот и лозарот.

Уште еднаш, нека ни е среќен празникот Св. Трифун, и нека ни е успешна и плодна оваа година„- се вели во честитката на Општинската Организација СДСМ Кавадарци.