МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Деца од сите пет објекти на Детската установа „Рада Поцева„ го расцветија Плоштадот во Кавадарци

Најмладите-децата денеска го најавија доаѓањето на најубавото годишно време пролетта.А таа пристигнува во 17 часот и 15 минути, кога во јужната хемисфера ке пристигне есента.Пролетта ке трае до 21 јуни до 11 часот и 07 минути,според прецизните мерења.

Најмладите -децата од големите групи на сите пет објекти на Детската градинка „Рада Поцева„ се собраа на Градскиот плоштад и го расцветија со нивните рачно направени цветови.Капите во различни форми на цветови kои ги носеа на нивните главчиња ги симболизираа првите пролетни цветови кои веќе се разветани во дворовите и во природата.Воспитувачката која ги поздрави сите деца и нивните родители и баби и дедовци им кажа дека денеска е Ден на пролетта , со порака да го расцветаат плоштадот.

Инаку овој викенд започнува летното сметање на времето кај нас започнува во сабота сперема недела 25/26 март кога стрелките на часовникот ке бидат поместени 1 час нанапред.