МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Редукцијата е директно условена од дефект во системот “Хидро Бошава„

Извесно време во Кавадарци се спроведува рестрикција на водата за пиење од полноќ до 03 часот а во некои реони, поради превентива за заштита на мрежата , и до 4 часот наутро. Причината за недостигот е отстанување на дефект на системот „Хидро Бошава“, од каде во градскиот водовод „Лукар„ влегува дел од водата за пиење.Се работи за вода која е истро така планинска (од Кожув) испитана е и анализирана и влегува во фабриката за преработка во Филтерскиот систем кој е изграден пред неколку години.

Со тоа надополнување на вода од Системот Хидро Бошава ,Кавадарци засекогаш го реши деценискиот проблем за вода.Овојпат недостигот на таа количина вода е причина за рестрикциите, кои Бојан Атанасов- раководител на ОЕ„Водовод и канализација, ветува ке завршат до петок-сабота, кога „Хидро Бошава“ очекува да го санира дефектот во нивниот ситем.

ЈП Комуналец ги замолува потрошувачте на вода за разбирање за состојбата.