МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Изложбата на Петар Наневски во симбиоза со книжевниот збор-е вечно трагање на поетот-сликар

Петар Наневски е оригинален сликар-поет.Како него во Кавадарци нема ,во Македионија се ретки.Уметноста на сликањето ја поврзува со уметноста во пишаниот збор и сатирата(афоризмите).Половина и повеке од неговиот творечки порив посвети на музите на литературата и неговите ликовни дела.Тој нив не ги дели напротив ги поврзува икако такви им дава живот за вечност -живот кој трае.Него тоа го освојува затоа тој му посвети внимание и на последната изложба која јка нарече „Перизам или Поетија во слики“.

0090000100.jpg

Не треба посебно претставување на овој 82 годишен активен поет-писател-афористичар, но директоро Александар Малинков со задоволство го најави како ваташанец или кавадарчанец кој оставил печат на времето во кое живее, ставајќи го во плејадата наши најуспешни сликари и писатели.

Актерот Диме Коцевски прочита неколку интересни афоризми, а поетесата Гордана Бохулски ни ја донесе песната инспирирана од слика на една изложба во Кавадарци-полна со патриотски чуства.

За самата изложба осврт подготви сликарот Горан Боев кој во своето кратко излагање беше контретен во промислата за Петар Наневски-дека тој во ова негово зрело доба на творење постигнал врв кој секој сликар посакува да го има.

Неизбежен беше и освртот на Петар Наневски-лично.Инаку тој е роден во Ваташа 1936 година. Завршил школа за применета уметност и Педагошка академија во Скопје отсек сликарство во класата на Пандилов,Личеноски,Ласески.Досега тој има реализирано 300 изложби во земјата и странство.Колективно излагал до ДЛУМ, ДЛУК,ДЛУБ како инна повеќе изложби со свои колеги.Неговата втора љубов -литературата е доста плодна во неговото твоирештво.Напишал и објавил како писател 20-тина книги поезија, есеистикаи афоризми.Тој сеушпте е витален, активен творец на литературата и сликарствотро и од негио допрва очекувамне нови рабиоти.Тој живее и работи во Ваташа.

Изложата беше отворено во Галеријата при Дом на култура “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци- насловена е како “Перизам или поетики во слики“.Таа е во организација на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“, а е поддржана од Министерството за култура на Република Македонија и Градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци.

1121112.jpg

1124354.jpg

29695541_370987466715050_846441481798766293_n.jpg

29793139_370987430048387_6920728644020124488_n.jpg

112321.jpg

0034.jpg