Организационата единица паркови и зеленило при ЈП „Комуналец“ работи на хортикултурно уредување на дел од зелените површини во Кавадарци.
Во оваа пролетна кампања на разубавување се вклучени три локации: жардинерите пред старата Стоковна куќа во центарот, Кружниот тек кај автобуската станица, како и зелените површини во Паркот на револуцијата.ЈП „Комуналец“ на овие три локации ќе засади 2.500 корени со темјанушки (љубичици), кои ќе го култивираат и разубават овој дел на градот.