МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

„Со оваа соработка што денеска и официјално ја објавуваме, Кожувчанка станува горд поддржувач на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија во наредниот период.Кожувчанка со новото партнерство обезбедува значајна поддршка за КФСМ зада поттикне нови успеси и значајни заеднички победи на сите македонскинационални тимови под капата на кошаркарската федерација.

Веруваме дека македонската кошарка има потенцијал, сила и моќ во себе за да поттикне покрај спортски успех и националната гордост на нашата држава.Тоа да бидат успеси на многу деца, кои што ќе се определат за овој спорт, со одговорност и дисциплина, на нови генерации кошаркари и кошаркарки, на ситенас кои што заеднички ќе изградиме уште подобри услови за спортот во земјава. Ние и нашите партнери од федерацијата сме сигурни и убедени дека во иднинанашите кошаркари и кошаркарки ќе дадат се од себе за да ја вивнат и вратат македонската кошарка во нови височини и одново да покажеме дека припаѓамемеѓу најдобрите во Европа.Посакуваме успех, нови победи и со голем оптимизам гледаме на оваа соработка, но најважно за нас е дека повторно ја потврдуваме нашата вредност,одговорност и квалитетот кој што го имаме и го градиме речиси 30 години како компанија – истакна генералниот менаџер на Кожувчанка, Јанинка Чупаркоска.

− Нашата федерација добива партнер во докажан пријател на спортот и партнер кој низ годините наназад активно е вклучен во развојот како наспортот така и во многу други и голем број на организации, активности и настани, се со цел да се промовираат и прослават успехот, вредностите инапредокот. Веруваме дека овој спонзорски договор ќе донесе успех и среќа за сите нас – истакна претседателот на КФСМ, Перо Антиќ.

Општествената одговорност како еден од императивите на работењето на Кожувчанка и Кошаркарската Федерација на Северна Македонија има за цел даја потврди посветеноста на двете институции и оваа соработка во создавањето на една убава приказна со мотив и желба за нови победи.„

ПР,,Кожувчанка„Кавадарци.

1