МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Детскиот парламент од ООУ “Димката А.Габерот“-Кавадарци денес беше во посета на Општина Кавадарци и се сретна со Градоначалникот Митко Јанчев.

Детскиот парламент има околу 40 деца а во посета беше целото раководство.

Парламентот функционира најдобро од сите слични детски парламенти на ниво на државата. Децата имаат редовни активности и обврски. Презентираа сериозни иницијативи поврзани со нивното училиште и желба за посета на парламенти во соседните држави.

Градоначалникот Митко Јанчев, им вети дека ќе бидат гости на некоја од наредните Седници на Совет на Општина Кавадарци.