Во 1936 г. со само 20 години на јавен митинг во Кавадарци смело му се спротивставил на министерот за народно здравје и социјална политика Драгиша Цветковиќ за експлоататорската и денационализаторската политика на неговата влада врз македонското население.
Поради своите прогресивни идеи бил на неколку пати апсен од тогашната полиција. Како учител работи во селата Дабниште и Радња. Имал дарба за музика, бил спортист, а имал и актерски способности. Станал член на Воениот и Месниот комитет на Кавадарци во 1941 и 1942 година и еден е од организаторите на востаниетои на народот од Тиквешијата. Во април 1943 г. бил избран за политички комесар на штабот на Третата оперативна зона, а кога на 14 мај 1943 г. е формиран одредот “Добри Даскалов“, Димката е назначен за негов политички комесар. Загинал храбро во заседа што ја поставила бугарската војска на 10 јуни 1943 година. Со него загинаа и Ило Виларов, Пано Мударов и Стојан Крстев. И денес е голема енигма зошто Димката не беше прогласен за народен херој.