МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

- Aктивно се работи на неколку локации

OЕ Водовод и канализација при Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци активно работи на неколку локации. Раководителот Бојан Атанасов, информира за продолжувањена реконструкцијата на фекалната, атмосферската и водоводната мрежа на улицата “Брушанска” а во тек се работите околу приклучоците за вода во индустриската зона, на “Западен булевар”. Истовремено, се работи на приклучокот за вода за зеленилото на потегот кај градите Силекс но и на улицата “Ќиро Крстев” кај кејот на реката Луда Мара.

Од Комуналец и информацијата за континуираната работа на поставуваење на коцки на повеќе локации низ градот, особено таму каде што се интервенирало поради дефекти и слично.