Денеска во Библиотеката Феткин беше промовирана книгата за деца„ Скокни прескокни„ од Васко Мукаетов
Денешниот -Светски ден на книгата и авторското право, беше повод во Библиотеката „Феткин“ да се организира промоција на книгата „Скокни, прескокни“ од Васил Мукетов.Мукаетов досега напишал 5 книги за деца ,ова е шеста, и сите се со задоволство читани од најмладите - нив ги имаат како задолжителна литература.Инаку Васко Мукаетов е добитник на наградата „Ванчо Николески“ наменета за книги за деца за минатата година, што претсавува уште едно признание за овој Тиквешки -поет кој за децата има напишано над 800 песни. И во најновата книга Васко на децата им подарува стихови кои се приемливи за децата,кој како лектира ке можат повеке да ги читаат и да им се восхитуваат. На самаата промоција говорееше Мишо Китановски-публицист, писатели новинар од Скопје со потекло од Кавадарци.Тој за Мукаетов кажа дека е етаблирано име кај нас во Македонија особено во творештвото за деца кое бара квалитет соодветен на читателската публика која е прибирлива и го оценува вистинскиот квалитет, а Васко ги има сите епитети на писател за деца. Авторот Мукаетов ,реше дека пишувањето за децата му причинува задоволство и тоа ке го прави додека може, а за нив спрема и други книжевни изненадувања - наградата за најдобар писател за деца на тоа го задолжува. На промоцијата , која ја водеше директорката на Библиотеката Феткин,Весна Гркова, деца од училиштето„Тоде Хаџи Тефов„ читаа извадоци од книгата а истатата ја следеа ученици од ова училиште поети и литературни творци од градот.