МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Биди поразличен-дочекај ја Нова година со спорт

Под ова мото денеска стотици деца од ООУ„Страшо Пинџур„ во Спортската сала „Партизан„ ја покажаа својата детска креативност и спремност преку игра и спорт да се вклучат во дочекот на новата година.

„Во ова манифестација се вклучени сите ученици од прво до петто одделение од ООУ„Страшо Пинџур„-Кавадарци , заедно со своите наставници.Целта ни е преку игра и рекреација на поинаков начин да ја дочекаме Новата година.Теренот е поделен на 8 секции, и секој содржи посебна активност која треба да се заврши за да се постигне резултат.Сето е организирано на начин соодветен на возраста на децата, “-вели наставничката Софија Јосифова-која ги координара сите поединости на овој проект.На трибините забележавме , родители, баби и дедовци роднини на децата.Атмосверата беше предновогодишна и спортска, за што се погрижија најмалите од прво одделение кои на почетокот изведоа посебна игра со новогодишна кореографија.Севкупно нешто ново, надвор од клишето досега познато кое се прави за децата за Нова Година.(Видео прилог).