МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Кавадаречкиот „пајак„ станува се поактуеен и попопуларен меѓу граѓаните, но не и за они кои лично ке го сретнат особено ако нивното возило го крева.Попладнево (не) среќата да се сретна со него ја имаа повеќе непрописно паркирани возила.Во случајот беше узурпирано паркинг место за инвалидизирано лице.

Да потсетиме:Доколку возилото ви биде подигнато од пајак службата истото се носи на плацот на Северен булевар, кај кавадаречката болница.Цената за непрописно паркирање на возилото е 1.500 денари, а доколку сопственикот се појави во моментот кога возилото се подига тогаш ќе треба да плати 1.000 денари. Се разбира дополнително е за казната за непрописното паркирање.