МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Најстарата фурна во Кавадарци работи и денес.Овде се прават највкусните гевреци,и се печат најубавите сомуни леб,сега и пити,и друга храна ...

Фурци е традицијата стара 100 години.Во Рекинското маало ,спроти од сегашната локација се наоѓала првата фурна на Коло Јованов-Фурци.Фотографијата е направена 1945 година пред фурната.Фотографиран е со негови пријатели занаетчии од тоа време.Од 1961/62 година, според податоци од наследникот Јованов,фурната таа се преселува на сегашната локација и оттогаш до денес традицијата , за среќа,продолжува.Фурнаџијата Коло Јованов Фурци неговиот занает го предава на своите поколенија.Денес неговиот занает го работи неговиот внук Никола Коло Јованов- Фурци, кој успеал да го задржи некогашниот вкус на гевреците,поради што на кавадарчани им е главен утрински појадок, а не ретко купуваат и патници кои поминуваат низ Кавадарци.

Ретки се занаетите кои опстанале.Во Кавадарци се бројат на прсти.