МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Сеуште не заживеан новиот начин на kласифицирање на сметот што се фрла , особено за хартијата, пластиката и стаклото...во Кавадарци на места започна да се минира цела работа.Проектот е со соработка на ЛС Кавадарци,ЈП Комуналец и Пако Мак...

Нашите сограѓани ромите,започнаа насилно да ги истураат посебно контејнерите полни со пластични отпадоци и истите да ги стават во свои вреќи .

Фотографијата ја позајмивме од ФБ

Oд ЈП Комуналец ја евидентираа ова состојба и во јавното обраќање се наведува :

“Кавадарчани сами празнат специјализирани контејнери за пластика, за да можат да заработат од отпадот. На оваа појава денеска реагираат од Јавното претпријатие “Комуналец” кое ги постави контејнерите, но и од Регионалното еколошко друштво “Еко-живот” од овој град. -Со оваа постапка поединци не само што ризикуваат да бидат повредени, туку и ја нагрдуваат околината.Општината и Јавното претпријатие “Комуналец” неодамна ги поставија овие контејнери во соработка со “Пако Мак” со цел поубав и почист град и селектирање и рециклирање на отпадот, рекоа од “Комуналец”. Оттаму уште еднаш апелираа до несовесните да не ги празнат самите специјализираните контејнери кои инаку се празнат со специјални возила. Истовремено повикаа сите вакви случаеви да се пријават во претпријатието или полицијата. Се со единствена цел, почиста, поубава и поздрава животна средина. Претседателот на “Еко-живот” Роберто Паризов исто така изрази незадоволство од ваквата постапка на поединци. Осудувајќи ја, повика на поголема еколошка свест и грижа за животната средина.„.