Нова фаза од градежните работи за изградба на експресен пат Градско - Прилеп, на делницата Градско - Дреново.Изградбата на оваа делница е финансирана со средства на ИПА2 програмата за поддршка на Европската Унија.
Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески денеска присуствуваа на отпочнувањето на градежните работи за изградба на експресен пат Градско - Прилеп, на делницата Градско - Дреново.Изградбата на оваа делница е финансирана со средства на ИПА2 програмата за поддршка на Европската Унија.
„Граѓаните од Градско, Росоман, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Битола, Крушево, Кривогаштани и другите поголеми и помали населени места зедоа учество, директно учество, во инклузивните програми на владата. Се вклучија со нивните предлози и упорност да отпочне и да се заврши овој експресен пат како исклучително важна делница од Коридорот 10, но и исклучително важна патна артерија за двата региона за граѓаните и за компаниите. Најважно за граѓаните, е што овој експресен пат отвора нови можности за брза транспортна луѓе и на производи, како и на непречено и лесно поврзување на идеите за нови иницијативи, нови проекти, нови контакти“, порача премиерот во своето обраќање.
Во своето обраќање пред присутните амбасадарот на Европската Унија во Македонија, Семуел Жбогар-памбасадорот на ЕУ во Македонија , истакна дека трансевропската патна мрежа, која што е столб на европскиот внатрешен пазар добива форма. Амбасадорот потенцираше дека со отворањето на делницата Демир Капија - Смоквица се комплетираше и последната алка што недостасуваше во Коридорот 10.
„Денеска се среќаваме за да започнеме со изградбата на експресниот пат, делницата Градско - Дреново. Експресниот пат во должина од 15.5 км е дел од кракот Д на Коридорот 10,“ соопшти амбасадорот Жбогар.
Амбасадорот Жбогар рече дека Коридорот 10 е најважната меѓународна рута што поминува низ Македонија и што го поврзува регионот со останатиот дел од Европа и ги поврзува сегашните и идните земји членки на ЕУ и изрази очекување дека овој експресен пат значително ќе придонесе кон поттикнување на економскиот раст.
Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески порача дека за граѓаните од Вардарскиот и Пелагонискиот регион и за сите граѓани од Македонија, денешниот ден е многу значаен.
„На мое огромно задоволство, започнуваме со еден од најкрупните капитални проекти. Изградбата на најзначајната патна артерија во регионов, ќе даде нов стимул за економската моќ на регионот, а бенефитот директно ќе го почувствуваат околу 250 илјади граѓани кои живеат во овој дел од Република Македонија “, порача министерот Сугарески.
Во своето обраќање тој информираше дека овој експресен пат од Градско до Прилеп којшто се гради во три фази претставува вкупна инвестиција од околу 60 милиони евра, ќе се гради според сите безбедносни и технички стандарди и се очекува да биде завршен во 2020 година.
На средбата присуствуваа и градоиначалниците на Кавадарци и Росоман: Митко Јанчев и Бранко Јанев.