Денеска во ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ во Кавадарци се одржа свеченост посветена на одбележувањето на успешното реновирање на училиштето, како дел од неколку повеќегодишни иницијативи на УСАИД.
Ивршена е реконструкција на училиштето, и пуштена е во работа новата Концерна сала кои беа финансирано од УСАИД и Европската команда на Армијата на САД, во соработка со Министерството за образование и наука, локалната самоуправа на Кавадарци и бизнис заедницата во градот.
На свеченоста посветена на овој значаен настан присуствуваа ученици и наставници на ОМБУ„Лазо Мицев Рале„, ученици,директори на училишта,раководители на јавни установи, советници на Градскиот Совет, претставници на партии и други.Со сечење на лентата од најповиканите за денеѓниот настан се означи функционирањето на салата ја :
Заменик помошник администраторката на Бирото на УСАИД за Европа и Евроазија, Гречен Биркл, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев и директорот на основното училиште „Лазо Мицев Рале“, Златко Јованов ќе имаат кратки излагања и потполковникот Ерик Рајс од Военото аташе на САД.
На присутните во салата им се обрати Глечен Рајс,директорот Златко Јованов и Градоначалникот Митко Јанчев а учениците од училиштето одржаа мини концерт на кој беа изведени музички и балетски настапи.
Оваа година УСАИД ја одбележува 25 годинишнината во Македонија. Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 610 милиони долари во Македонија од 1993. УСАИД работи со граѓаните на Македонија за да создадат работни места, да ги зајакнат демократските институции и практики, да го подобрат интегрираното образование и да ги подготват учениците за современиот пазар на труд. Овие иницијативи, во партнерство со граѓаните на Македонија, имаат за цел да го подобрат квалитетот на живеење во Македонија.