Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев со над 850 велосипедисти возеше низ улиците на Каадарци, популаризирајќи го велоспедот меѓу младите и граѓаните.Пјер Бишов , кој во име на Синалко ја вози цела Европа се придружи на манифестацијата која успешнио ја органзирира Сојузот за училишен спорт предвидена од наставникот по физичко воспитување Милан Колев
Над 85о велосипедисти од сите основни училишта,се пријавија денеска и возеа заедно со членовите на Тиквешки Точакџии, градоначалникот Митко Јанчев,светскиот велоспедист на екстремни патеки Пјер Бишов од Германија,наставници по физичко воспитување.Тргнаа од платото кај кошевите на СС Јасмин, а сите заедно дојдоа на Градскиот плоштад, каде се одржа лотарија , а сите ги поздравија градоначалникот Јанчев , Бишов, и Милан Колев од Сојузот за училишен спорт на Кавадарци.
Целта е да се популаризира велосипедот на сметка на автомобилите , што има повеќекратна корист за возачот.Затоа и мотото на годинашнава акција со која се одбележува во месец мај е „И велоспедот е дел од сообраќајот“.