МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Извидничкиот Караван денеска пристигна во Каварадци каде заеднички со Извидничкиот одред „Соколи“ , кој е во формирање, на младите и децата во Каварадци ќе им ја презентира извидничката програма.

Настанот се одржи во Градскиот парк во Кавадарци каде на седум работилници (Стреличарстви, чаталарство, готвење, подигање на камп и неколку извиднички игри) младиме од Македонија и Кавадарци се запознаваа и учеа вештини кои ке им користат во животот, ке ги анимираат и ке значат нова содржина за нив.Преку Извидничкиот караван младите и децата ќе се запознаат и со активностите кои следуваат и ќе можат да се зачленат во одредот кој се формира во Кавадарци. Скопските извиднички одреди кои успејаа да го задржат од целосно пропаѓање извидништвото кај нас во Македонија, и денеска на едноставен начин, нивни членови, им ги покажаа основните поставки на одредени вештини и дисциплини кои сега се изучуваат во скаутството-извиништвото.

Извидништвото во Кавадарци беше „алфа и омега“ во младинското ангажирање во време на 60,70 ,и 80-тите години.Во 90-тите замира работата на ИО„Страшо Пинџур„-во кој членуваа стотици кавадарчани а потоа целосно згаснува.Сега дознаваме, на наша радост, дека повторно се формира Извиднички идред со име „Соколи„, со слични цели како порано.Впрочем основните постулати не се менуваат, тие се измислени одмамна за да траат вечно.