Утре петок, 31 март 2017, по повод 1 април, Денот на шегата, во Кавадарци ќе се одржи манифестацијата “Априлијада 2017“.
Дефилето со учесниците - ученици од основните училишта од општина Кавадарци и сите клонови на детската градинка “Рада Поцева“, пригодно костимирани по повод Денот на шегата, ќе започне кај кружниот тек кај новата автобуска станица во 11 часот, а ќе заврши на Градскиот плоштад.Организатори на манифестацијата се Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци и Локалната самоуправа на Општина Кавадарци.