МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

На два дена од 19 јуни- Денот кога пред 105 години беше кренато Тиквешко востание, Здружението Тиквешко Востание одржа панихида за паднатите жртви на востанието и положија цвеќе на споменикот во Кавадарци.

Јавноста денеска повеќе слушна дека се формира Здружение „Тиквешко востание„ кое е патриотска организација која се грижи за зачувување на придобивките од периодот на борбата на македонскиот народ за својата самобитност и слобода.Особено значење кавадаречкото Здружение им посветува на значајните датуми од нашето подалечно минато, како аманет за тие случувања да ги запознае помладите генерации.

Денеска по повод 105 годишнината од кревањето на славното „Тиквешко востание„, се одржа панихида посветена на жртвите кои се побунија против српската окупатирска власт во пориодот од 1913 година, а воедно беше чествувано и на споменикот кој во чест на востанието е подигнат во паркот „Поланата„ во Кавадарци.

Панихидата е одржана во Црквите „Св. Петка„ и „Свети Никола„ во Молкиште, а пригоден говор за самопто кревање на востанието беше одржана истовремено беше положено свежо цвеќе на споменикот во Кавадарци.На настанот покрај членовите од Кавадарци и гостите од другите Здруженија прусуствуваше и претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци Зоран Јованчев.