МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Изгоре комбе со праски пред село Манастирец

Вечерва нешто по 20 часот и 30 минути на патот пред село Манастирец изгоре комбе натоварено со праски.

Како што дознаваме од сведоци на лице место, веднаш била повикана единицата за Територијалната Противпожарната заштита од Кавадарци која веднаш дошла и интрервенирала во гаснењето на пожарот на комбето кое било во пламен.Интервенцијата била обавена со едно возило и 4 пожарникари.За жал не можеле да го спасат комбето и товарот кој бил внатре-праски кои веројатно требало да се носат на продажба на пазар.Неофицијално дознаваме дека семејството чие комбе изгорело било од Кавадарци, а истото биле во комбето но навреме се евакуирале, маж жена и две малолетни деца.

Дознаваме дека сопственикот на комбето бил в иднои потресен па морала да интервенира и брзата помош од Кавадарци.