МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Министерството за економија го одобри проектот “Еногастрономски пат низ Тиквешијата”, со кој Фондацијата “Тиквешки вински пат”, аплицираше за поддршка преку програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2018 година.

-Во рамките на проектот ќе бидат организирани работилници и обуки и изработен промотивен материјал. Ќе се направи и промоција на овој проект на еден од саемите во странство, со поддршка на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Македонија, информираше денеска Виолета Јанкова, извршен директор на Фондацијата.

Проектот ќе се реализира од втората половина на месец септември.