СТАРТУВАШЕ ОПШТИНСКАТА ФУДБАЛСКА ЛИГАШЕСТ ЕКИПИ ВО БОРБА ЗА МЕСТО КОЕ ВОДИ ВО ТРЕТАТА ЛИГА ЈУГ
Викендов стартуваше Општинската фудбалска лига Кавадарци. Годинава учество во истата ке земат само 6 екипи кои ке се борат за место кое следната сезона ке носи настап во третата лига југ. Во првото коло Сопот беше убедлив нагости во Дреново, додека Ваташа одигра интересен натпревар со екипата на Сирково во кој славеше со 3:2. Некако најамбициозно во ова натпреварување стартуваше екипата на Возарци ДМД која направи тим која е спој на искуство и младост, обезбедија и спонзори и најавија атак за највисок пласман. Возарчани во првото коло гостуваа во Глишиќ и славеа со минимални 1:2 со головите на Мите Илов и Сашко Марков.
М.В.