МНОГУ ДОЖД- 47 ЛИТРИ ,ЗАПРЕН ГРОЗДОБЕР-ПАДНАТИ ТЕМПЕРАТУРИ
Реки по улиците, малку луге многу автомобили, сите брзаат бегајќи од дождот.Вистинска бркотница по улиците и многу малку сообраќајно едуцирани возачи.Тоа е нашиот прв впечаток по дождот кој денеска направи вистинско пореметување на брзиот ритам на кавадаречкото секојдневие, кој и без дождот, пулсираше динамично .
Вака уште посложено.Доволен е еднен таксист, или неодговорен возач да застане сред улица поради преземање или симнување на патник и се прави долга колона.Сите свират оправдано ?!!!
Се вози брзо, повеке од нормално, за вакво време, а страдаат пешаците, кои никој не ги прашува како да избегаат од водата која се собира по ивиците на улиците, и на центарот но и на периферните улици.Обиколницата полна вода.Внимавајте како возите.Од премногу вода моторнот може да ви престане да работи.
Поради големата влага во земјата запрен е гроздоберотѕ во Тиквешијата, што додатно ја усложнува состојбата ако дождот брзо не запре.Службените податоци се дека во Македонија врнело дожд а за Кавадарци нема службени податоци колку литри биле измерени.Се обидовме и во УХМР но за Кавадрци немаа, а Демиркапискиот метеоролог не добивме податок.Сметаме дека има голем воден талог кој синоќа и вчера падна во Тиквешијата, а колку - тоа не знаеме .Во Македонијја состојбата е слична:Во Маврово-84 литри на метар квадаратен, во Крушево 62, Гевгелија 47, Лазарополе 46, Пожаране 37, Дојран 34, Битола 32, Тополчани 28, Скопје 26, Дебар 24, Тетово и Претор 19, Куманово 16, Ѓуриште 12, Демир Капија и Прилеп 11, Охрид 10, Струмица 9, Штип 6, Пожар и Виница 5, Крива Паланка и Берово 2 литра.
Teмпературите на воздухот се движат од 20 до 23 степени над нулата.
Ако судиме според најблиското мерење во Демир Капија- каде се наведени 11 литри на м2-параметрите не одговараат на сегашната состојба во 14 часот кога ја правиме ова информација состојбата е битно изменета и водниот талог на метар квадратен е значително поголем.
Нашето трагање по права информација по два часа празни контакти-даде резултат.Дежурниот метеорлог во кавадаречката станица ни го достави податокот дека во Кавадарци од вчера до денеска во 14 часот наврнале 47 литри на метар квадратен.
Во Кавадарци и нивото на реката Луда Мара е зголемено, но во централното градско подрачје каде има регулација на реката, состојбата е под контрола, За други евентуални излевања или штети од атмосферската канализација од други поројни води немаме информација.
Единствено на возачите на кои им се брза им порачуваме дека ке стигнат каде и да одат, задоцнувањето ке биде само 5 минути.А за тие 5 минути можат да направат многу непријатности и за себе и за другите.
м.д.