МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

И годинава ЈП Комунлец воведива посебен режим и овозможува услови за соодветно фрлање на комињето, со цел да не се запушува канализацијата во градот

„Се известуваат граѓаните кои варат ракија, отпадот (комињето) да го фрлаат исклучиво во контејнерите од 5м3 кои се поставени на повеќе локации во градот Кавадарци -и тоа:

Западен булевар (кај Клас),

ул.Рајна Соколова (на кејот под Рада Поцева),

ул.Страшо Пинџур (до Ваташката градинката),

позади Хотел Балкан,

кај Брушански мост (два контејнера),

ул.Рајко Жинзифов (кај детското игралиште),

Моклиште (на браната),

на патот за Ресава (Шамаците),

село Дреново,

над Бриони спроти влезот на стадионот,

на патот на Глишиќ - Марена кај отпадот,

и уште на неколку локации кои дополнително ќе бидат определени. Исто така се замолуваат да комињето не го исфрлаат за време на викендот (петок навечер, сабота и недела сабајле).

Доколку имаат потреба од исфрлање истото да го депонираат директно на депонијата. Исфрлањето на комиње на депонијата е БЕСПЛАТНО.

Со личното депонирање на комињето на депонијата овозможуваат да не дојде до преполнување на самите контејнери, помагаат при депонирањето на ЈП Комуналец а и го заштитуваат населението од непријатната миризба.

Се надеваме дека ЗАЕДНО ќе придонесиме кон почиста и поздрава животна средина и дека оваа есен културата за депонирање на отпад и чистотата ќе ја издигнеме на повисоко ниво.

Уште еднаш напоменуваме да не го фрлате комињето во контејнери од 1 М3 или во другите контејнери кои се наменети за рециклирање на отпад.

За било каков проблем ЈП Комуналец Ви стои на располагање.„ се вели во известувањето на ЈП Комуналец-Кавадарци.