Храмот е посветен на Светиот великомаченик Ѓорѓи
Во поканата од Црковскиот одбор се вели:
“ВОЗЉУБЕНИ ВО ХРИСТА БОГА,ДРАГИ БРАЌА И СЕСТРИ,НА ДЕН 30.09.2018 ГОДИНА,КОГА ЦРКВАТА БОЖЈА ГО ПРАЗНУВА ПРАЗНИКОТ НА СВЕТИТЕ МАЧЕНИЧКИ ВЕРА,УБОВ И НАДЕЖ СО МАЈКА ИМ СОФИЈА,ВО СЕЛОТО РИБАРЦИ-КАВАДАРЕЧКО,СО БЛАГОСЛОВ НА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВО МИТРОПОЛИТ ПОВАРДАРСКИ Г-ДИН АГАТАНГЕЛ,ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ЧИН НА ОСВЕТУВАЊЕ НА ИЗГРАДЕНИОТ ХРАМ ПОСВЕТЕН НА СВЕТИОТ ВЕЛИКОМАЧЕНИК ЃОРЃИ,СО ПОЧЕТОК ВО 08.00 ЧАСОТ.
ВО ПРЕДВЕЧЕРИЕТО НА 29.09.2018 ГОДИНА ЌЕ СЕ СЛУЖИ ПРАЗНИЧНА ВЕЧЕРНА БОГОСЛУЖБА НА КОЈА ЌЕ ЧИНОНАЧАЛСТВУВА МИТРОПОЛИТОТ ПОВАРДАРСКИ Г-ДИН АГАТАНГЕЛ ЗАЕДНО СО СВЕШТЕНСТВОТО ОД КАВАДАРЕЧКОТО НАМЕСТНИШТВО.
ПО ТОЈ ПОВОД ГИ ПОКАНУВАМЕ СИТЕ ПРАВОСЛАВНИ ХРИСТИЈАНИ НА ОВОЈ ВЕЛИКОЛЕПЕН ЧИН.“