Наградата е доделена по повод 9-ТИ ОКТОМВРИ – СВЕТСКИ ДЕН НА ПОШТАТА.
Светскиот ден на поштата се прославува секоја година на 9-ти октомври. Одлуката да се прославува овој ден е донесена на Конгресот на Светскиот поштенски сојуз одржан 1969 год., во Токио, бидејќи Светскиот поштенски сојуз е основан на 9 октомври 1874 год. Почнувајќи од 1971 год. Светскиот поштенски сојуз по повод 9-ти октомври распишува конкурс за најдобар литературен состав, на кој учествуваат ученици од 9 до 15 годишна возраст.
Оваа година темата за конкусот беше ,,Писмо кое патува низ времето “
Македонска пошта во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на деца го распишува конкурсот на тема што ја задава Светскиот поштенски сојуз. Првонаградениот состав од секоја национална поштенска управа се испраќа во Берн, седиштето на Светскиот поштенски сојуз.
Македонска пошта активно се вклучува во прославувањето на Светскиот ден на поштата, и во оваа пригода, а во соработка со Сојузот за грижи и воспитување на деца доделува парични прва, втора и трета награда и дополнителни пет награди како посебни пофалници и албум со поштенски марки.
Првoнаградениот литературен состав од Македонија оваа година е на Тодор Пењушков од с. Ваташа, Кавадарци. Целта е да се поттикне пишувањето на писма, да се охрабрат најмладите да пишуваат и да се охрабрат поштите преку вакви активности да се врати традицијата на пишаниот збор.
Тодор Пењушков има 12 години и е ученик во седмо одделение во ООУ”Димката Ангелов Габерот “ од с.Ваташа,Кавадарци.
Поттикот и идејата за пишување и учестување на овој конкурс, Тодор ја добил од Училиштето и неговата професорка по македонски јазик, а воедно и менторка Александра Бошков.
За текстот добивал помош и сугестии од своите најблиски и од професорката.
Освен тоа што е талентиран за пишување, активно тренира тенис, свири во мандолинскиот училишен оркестар и пее во хорот. ГО интеесира риболов и олд тајмери.
До сега учестувал на многу натпревари и конккурси на кои има освоени и многу награди.
Втора место на оштински натпревар по математика
Второ место на Регионален натпревар по математика
Второ место на КЕНГУР.
Прва награда по прирорни науки на Општински натпревар
Прва награда по природни науи на Регионален натревар.
Втора награда на Републички натпревар по природни науки.
На нашето прашање дали ќе продолжи и понатаму да учествува на литературни конкурси добивме потврден одговор.
За плановите за понатамошното школување сеуште е рано да се зборува , сепак има само 12 години, но има желба да тргне по стапките на своите родители кои се доктори бидејки медицината за него е хумана професија а тој сака да им помага на луѓето.
Му посакуваме многу успех во животот со нај искрени желби да ги оствари сите свои идеи.
Извор „10-ка“