Свечено откривање на Споменикот на слободата и револуцијата на градскиот плоштад во Кавадарци на 29 ноември 1958 година. Споменикот го откри Диме Галапчев, претседател на Собранието на општина Кавадарци. Споменикот е дело на вајарот Пјетро Палавичини од Хрватска, еден од најпознатите вајари во тоа време во Југославија,a рељефот,малку е познато дека е дело на студентот по уметност Мино Стојанов од Кавадарци. Споменикот претставува мајка со два сина од кој едниот е ранет. Настанот се случил пред многу граѓани од Кавадарци и околните села, бидејќи споменикот е во чест на сите 333 паднати борци во НОБ од општина Кавадарци.
Избор на фотоси текст Петре Камчевски