Брегалница од Штип со 2-0 ги совлада кавадарчани и им стави до знаење дека за да опстанат мора да почнат да играат многу посериозно.
Во ПМФЛ на програмата беа средбите од 7 коло. Фудбалерите на Тиквеш со скриени амбиции отпатуваа на гостувањето во Штип кај Брегалница меѓутоа повторно одиграа и повеке од катастрофално. Првото полувреме две екипи го одиграа под секој просек без голови. Во вториот дел штипјани со 2-0 ја продолжија мизеријата на кавадарчани и ги приковаа на последното место на табелата. Шкупи беше убедлив со 3-0 во дуелот со Борец. Скопје дома загуби со 0-2 а и Македонија ЃП ја доживеа истата судбина и дома загуби од Работнички со идентични 0-2. Напаѓачите Пелистер и Академија пандев останаа без муниција и одиграа 0-0. Ренова со гол во последните минути стигна до полн плен против тимот на Струга ТЛ.Во следното коло Тиквеш ке го пречека тимот на Македонија ЃП во средба во која единствена опција за кавадарчани е победа
М.В.