Во Кавадарци има околу 10-тина склонопадни куќи.Се работи за стари куќи, некои датираат пред околу 100 години, чии сопственици одамна ги напуштиле
Локалната самоуправа Кавадарци ги лоцира ваквите објкти, ја испита нивната правна и сопствничка структура и за нив најде соодветно решние.Најпрвин заради безбедноста на граѓаните истите ке ги сруши а потоа и ке гради улици и тротоари.
Иако неработен ден денеска мехнизацијата беше во акција и ја сруши првата која се ноѓа на улицата “Страшо Пинџур“.На местото каде беше објектит ке има тротоар а малку понатаму ке биде пробиена улица која ке се спои со улицата „Мара Димова“.
Од локалната самоуправа добивме информација дека: „По долг временски период од речиси 60 години се рушат склонопадните куќи кај триаголникот. По рушењето ќе се изгради и тротоар и оваа црна точка во сообраќајот ќе стане безбедно место за сообраќај и за пешаците.По рушењето кај првиот триаголник кое заврши службите веднаш реагираа со чистење и миење на просторот „ е наведено во информацијата од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.