МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Продолжуваат активностите на проектот за изградба Бизнис информативен центар во Кавадарци.

Тој ке се реализира како резултат на прекуграничната соработка со општина Воден или Едеса од Република Грција. Раководителот на Одделението за локален економски развој при општина Кавадарци, Тодор Ефремов информираше дека во наредните 15 месеци организирање на заеднички бизнис средби и едукации за претприемачи. Како резултат на проектот се очекува учениците и младите, кои денеска беа дел од сите работилници на оваа заедничак соработка, да се подготват за пазарот на трудот. Проектот финансиран од Европската Унија со околу 250 илјади евра, а има за цел да го поддржи бизнис секторот во пограничниот регион. Директор за туризам од општина Воден, Евангелис Киријаку рече дека овие два дена во Кавадарци ќе имаат можност да разговараат за поврзувањето на руралниот, индустрискиот, сервисниот сектор и секторот за туризам, во насока да се зајакне трансакциската соработка во пограничниот регион.

-„Во наредните неколку денови ќе разговараме како би можеле да ги поврземе руралниот, индустрискиот, сервисниот и секторот за туризам. Сево ова во насока да ја зајакнеме соработката во пограничниот регион. Имаме одличен квалитет на вода и цреши, а вие имате многу квалитетно вино. Постојат огромни можности за соработка во секторот туризам.“ вели Киријаку

Бизнис информативниот центар ќе биде сместен во поткровјето над градската библиотека во центарот на Кавадарци. Овде ќе се изградат шест канцеларии кои бесплатно ќе бидат дадени како поддршка на новите бизниси и претприемачи, а истите ќе имаат шестмесечна поддршка од локалната самоуправа. Во текот на утрешниот ден ќе биде организирана презенетација на локални производи со цел да бидат претставени пред македонската публика.